Home Вебкафе Како на филм: Убиец од затвор побегна со хеликоптер (видео)

Како на филм: Убиец од затвор побегна со хеликоптер (видео)

Кадри како од некој крими трилер следеа по известувањето од Министерството за правда на Франција дека осуденикот Редоан Фаид (46) побегна од затвор „пред неколку минути“, додавајќи дека никој не е повреден и нема заложници.

„Вооружени командоси слетаа со хеликоптер на теренот каде што се шетаат затворниците, додека затвореникот бил во просториите за посета на затворот, јужно од Париз“, стои во целосното соопштение. Полицијата трага по затвореникот во бегство, а обвинителството отвори истрага.

Ова не е прв пат Фаид да побегне – во 2013 година, со помош на експлозија избегал од затвор, а бил уапсен шест недели подоцна во хотел.

Фаид е осуден на 25 години затвор, бидејќи во 2010 година убил млада полицајка за време на вооружен грабеж.

На социјалните мрежи се појави видео од спектакуларното бегство од францускиот затвор. Хеликоптерот подоцна е пронајден запален.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…