Како изгледала пирамидата од Гиза кога првично била изградена (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големата пирамида од Гиза, најстарото и најмаркантно од седумте светски чуда на древниот свет, и со оној нејзин денешен изглед кој сите го знаеме, деува моќно, импресивно, доминантно и импозантно. Но, археолошките претпоставки за тоа како изгледала пирамидата кога своевремено била конечно завршена со изградба одат многу чекори понатаму.

Денес нејзината надворешна површина е обложена со талог од смог и загаденост. Но, кога првично била изградена, претпоставката дека имала блескав отсјај поради обработката на камењата со песочно полирање.