Како хорор филмовите манипулираат со нашиот мозок?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Експертски тим ги мапираше невронските активности на човечкиот мозокт за време на гледање хорор филмови и утврди дека активноста на мозокот е поизразена за време на гледањето на овој филмски жанр.

Луѓето се фасцинирани од нештата кои им предизвикуваат чувство на страв, сè додека тие самите лично не се директно загрозени. Во таа лепеза од нешта кои предизвикуваат чувство на страв спаѓаат и хорор филмовите.

Во овој филмски жанр ликовите се соочуваат со некој вид на закана за својата безбедност или среќа, а најчесто во таа улога на загрозувачи се појавуваат некои надреални или натприродни сили, суштества и слично, кои не можат лесно да се разберат, ниту пак е лесна борбата против нив.

Истражувачки тим од финскиот универзитет Турку се обиде да дојде до одговори поради што нè привлекува ваквиот вид на забава. Тие одбраа 100 најдобри и најстрашни хорор филмови од изминатиов еден век и анализираа како истите влијаат на човечките емоции.

Невидливите закани се најстрашни

Дури 72 проценти од луѓето откриле дека гледаат барем еден хорор филм во период од шест месеци, а главната причин за тоа е – возбудата. Гледањето хорор филмови, исто така, било изговор за групно дружење, бидејќи многу луѓе преферираат вакви филмови да гледаат во друштво, а не кога се сами.

Психолошките хорори базирани на вистинити случувања се најстрашни за луѓето, а гледачите најмногу се плашат од заканите кои не се видливи.

„Ова отсликува два вида на страв кои ги чувствуваат луѓето. Првиот вид претставува страшно претчувство кое се јавува кога ќе се почувствува дека нешто не е како што треба. Другиот вид на страв е инстинктивен одговор на ненадејната појава на закана поради која ’си излегуваме од кожа‘“, вели главниот истражувач од ова истражување, професорот Лаури Нуменма.

Како реагира мозокот?

Истражувачите сакале да знаат како човечкиот мозок се носи со стравот во вакви комплицирани и променливи опкружувања. Групата врз која е направено истражувањето ја сочинуваа луѓе на кои им беа мерени невронските активности за време на гледањето хорор.

Во периодот кога анксиозноста полека расте, областа во мозокот која е задолжена за визуелна и аудиоперцепција станува поактивна, бидјеќи мозокот чувствува засилена потреба за мерки за внимателност поради потенцијалната закана. После ненадејниот шок, активноста на мозокот е уште поизразена во деловите кои се задолжени за обработка на емоциите, проценка на заканата и донесувањето одлуки, со цел да се овозможи брз одговор.

Меѓутоа, овие области на мозокот во текот на траењето на филмот се во постојан контакт со делот задолжен за перцепција, бидејќи овој дел од мозокот опасноста ја препознава како сè поизвесна и затоа делот од мозокот задолжен за одговор е во постојана подготвеност.

„Поради тоа нашиот мозок постојано е во исчекување и не подготвува за акција како одговор на заканата, а хорор филмовите оваа карактеристика на мозокот ја користат за да ја засилат нашата возбуда“, објаснува истражувачот Метју Хадсон.