Вебкафе

Кафедисување со гратис капење: Огромен аквариум пукна и направи поплава во кафуле

Опуштеното муабетење со пријател/пријателка или девојка за време на густирање на пријатно кафе е еден од неизбежните друштвени ритуали за нас, Балканците.

Таква требаше да биде дружбата и за двајцата момци од снимката направена во кафулето „Мачаки“, во црногорски Никшиќ. Но, Марфи имал малку поинакви планови за нивното кафедисување.

Како што може да се види на снимката, големиот аквариум, кој е поставен во реновираното кафуле пукна одненадеш и го прекинал муабетот на момчињата.

По она што може да се види на снимката за среќа момчињата не се повредени, туку „само“ квалитетно истуширани.

Advertisements
To Top