Каде точно е Балканот? (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На оваа тема современиот филозоф Славој Жижек направи видео кое го започна со прашањето: „Па каде е Балканот, ова е стандардна шега, ајде да направиме цела теорија“.

„Овде ја имаме Словенија и сите ќе ви кажат дека е долу, пониско (покажува на делот после границата). Ако прашате Хрват каде е Балканот, тој ќе ви каже дека се Централна Европа и католици, а Белград, Србија и православната вероисповед е Балканот. Ако го прашате Србинот ќе ви каже дека некаде Сараево, Косово е вистинскиот Балкан. Сепак, иронијата е што ако одите уште подолу, наеднаш Балканот е горе. Грците, ќе ви кажат: „Ние Грците, водиме потекло од Европа, овде горе се Балканските Планини.

Ако прашате Австриец, каде е Балканот? Ќе рече Словенија, од таму почнува Балканот, примитивци. Ако прашаш Германец, па Австрија, имаа империја, веќе се измешаа со сите, беа балканизирани. Французите ќе ви кажат, па Германија, темни, фашисти… И на крај, Британците ќе ви кажат дека цела Европа денес е голем Балкан, но со бриселската бирократија во новиот Истанбул, и дека Британците се единствено посебни“, вели Жижек во своето видео.