Почина Татјана Петрушевска – редовна професорка на Правниот факултет при УКИМ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 55-годишна возраст почина д-р Татјана Петрушевска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа беше професот по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на ЕУ и на САД.

Професорката Петрушевска има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и во странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

Жалната вест ја објави Ребека Јанковска Ристески чија блиска пријателка беше професорката.