Вебкафе

Каде и колкав е рекордот за највисока наврната снежна покривка на Земјата?

За метеоролошко мерење на снежната покривка се користат два вида снегомери: постојан (статичен) и подвижен (мобилен). И во двата случаи местото на кое се мери височината на снегот е точно одредено и не се менува.

Целта е да има постојаност и споредливост во мерењата, а мерното место треба да биде внимателно избрано за да ја одразува што е можно поблиската средна вредност на височината на навејаниот снег.

При мерење на височината на снежната покривка, подвижниот снегомер се става вертикално во снегот спуштајќи се сè до земјената подлога, по што се исчитува вредноста на висината на снежната покривка во сантиметри

Светски рекорд во височината на снежна покривка го држи скијачкиот центар Маунт Бејкер во Вашингтон, во зимата 1998/1999 година кога заврнале 28.9 метри снег. Кога станува збор за Балканскиот полуостров, рекордери во дебелина на снежна покривка се словенечките Алпи и Триглав со над 2.5 метри снег, додека во Македонија најголема снежна покривка имало во Маврово и други делови од планината Бистра, па на Кожуф и Шар Планина со височина до 2 метри.

На територија на Македонија особено била карактеристична зимата 1953/1954 година кога во Скопје снежната покривка се задржала дури 74 дена, а снегот достигнал височина од 46 сантиметри, додека во тетовско снегот кој достигнал височина од 117 см се задржал 106 дена. Во Битола најдолгото траење на снегот е 70 дена и се случил во 1974 година, а снегот достигнал височина од 65 сантиметри, пренесува Ивица Милевски за Факултети.мк.

Advertisements
To Top