Home Спорт Јувентус почна преговори за „бисерот“ од Баскија!

Јувентус почна преговори за „бисерот“ од Баскија!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за офанзивниот играч на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс.

Вилијамс со своите одлични партии во дресот на Билбао ги воодушеви европските гиганти, а најсилен интерес за шпанскиот репрезентативец покажува Јувентус, кој наводно почнал преговори со баскискиот клуб.

Овој 22-годишен фудбалер во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, а добро е познато дека баскискиот клуб е „тежок“ во преговорите за продажба на своите ирачи.

Јувентус е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис и наводно веќе започнал преговори со Билбао, а самиот играч нема ништо против да се пресели во Торино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…