Home Спорт Јунајтед остана без ЛШ, играчите добија „жестока“ казна

Јунајтед остана без ЛШ, играчите добија „жестока“ казна

Откако не успеа да го победи последнопласираниот Хадерсфилд, Манчестер Јунајтед и официјално остана без пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Раководството на „црвените ѓаволи“ смета дека е огромен неуспех и финансиски удар за клубот тоа што нема да игра во Лигата на шампиони, па реши да ги казни играчите.

Имено, играчите на Манчестер јунајтед имале клаузула во договорот за намалување на платата за 25 проценти доколку не се пласираат во Лигата на шампионите, а тие клаузули сега и официјално ќе бидат активирани.

Дали оваа одлука би можела да доведе до заминување на фудбалерите од „Олд Трафорд“?

Веднаш започнаа шпекулациите за Пол Погба, кој ќе биде најголем „губитник“ од ваквата одлука бидејќи ќе изгуби 5,3 милиони фунти.

Јунајтед пак од друга страна неиграњето во ЛШ ќе го чини повеќе од 100 милиони евра загуба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…