Home Спорт Јунајтед го „позајми“ Солскјер од Молде за 2 милиони евра!

Јунајтед го „позајми“ Солскјер од Молде за 2 милиони евра!

Откако вчера му врачија отказ на Жозе Мурињо, денес Манчестер Јунајтед за привремен менаџер до крајот на сезоната го постави Оле Гунар Солскјер.

45-годишниот стратег има договор со Молде до 2021 година, па Манчестер Јунајтед го „позајми“ до крајот на сезоната. За таа цел „црвените ѓаволи“ му платија 2 милиони евра на норвешкиот клуб.

„Манчестер јунајтед праша дали може да го позајми Солскјер, а ние се согласивме на тоа. Тоа е голема промоција за Молде”, кажа извршниот директор на клубот, Ојстен Нерлен.

Планот е Солскјер да остане на „Олд Трафорд“ до крајот на сеозната, а потоа ќе се врати во Молде да го одработи договорот.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1075321264670150656

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…