Home Спорт Јунајтед – Челзи во четвртфинале: Мурињо веднаш испрати огнена стрела!

Јунајтед – Челзи во четвртфинале: Мурињо веднаш испрати огнена стрела!

Жребот за четвртфиналето од ФА Купот донесе многу инетерсни дуели, меѓу кои најинтересно ќе биде враќањето на Жозе Мурињо на „Стенфорд Бриџ“, протув ’својот’ Челзи.

Дуелот помеѓу Челзи и Јунајтед на програмата е на 11-ти март, но Жозе Мурињо уште денес ги започна подготовките и испрати провокативна порака од „сините“.

„Веројатно Челзи е во предност бидејќи може да мисли само на ФА Купот. Тие се шампиони и немаат друго натпреварување во кое учествуваат. Во исто време, нам ни претстои реваншот со Сент Етјен во Лигата Европа, потоа финалето во Лига купот и веројатно уште еден натпревар од Лигата Европа. Капак на се, се бориме за четвртото место во првенството. Има толку многу работи за кои треба да мислиме. Најдобро е тоа што натпреварот со Челзи е за речиси еден месец”, изјави Мурињо.

Покрај овој дуел во четвртфиналето ќе се сретнат уште:

Мидлсброу – Манчестер Сити/Хадерсфилд
Тотенхем – Милвол
Сатон/Арсенал – Линколн

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…