Актуелно

Југохром затворен до април – работниците ќе земат плата и за декември

Вработените во Југохром уште еден месец ќе си ги задржат своите работни места – одлучи раководството на тетовската фабрика.

Синдикатот повторно ќе преговара кон крајот на декември, но очекуваат дотогаш инспекторатот да ја укине забраната и Југохром да се врати функција, во спротивно протестите ќе продолжат.

Одлучив заедно во кореалција со менаџментот, вработените да останат сите без исклуцок, без ниту едно отпуштање во работен однос во фабриката. Се разбира дека оваа мерка ја превземавме, повторно на еден месец, вели Васил Скендеровски, генерален директор на Југохром.

Бараме од институциите односно Министерството за животна средина, Државниот инспекторат, да ја повлечат одлуката, ако не се изјаснат на нашите барања, ние ќе продолжиме со  нашите протести кои ќе бидат порадикални, вели Бајрам Амити, претседател на синдикатот на работниците.

Од раководството велат дека системот на отпрашување ќе биде завршен кон крајот на април, а досегашните одлагања се должат единствено на долгото чекање на дозволи и мислења од државните институции.

Генерално одлуката на Државниот инспекторат за затворање, очигледно беше дека постои тенденција или некоринираност, со она што ние јавно го презентиравме дека сите овие активности не беше возможно да се направат со триипил месечен рок, бидејќи дозволата беше тогаш добиена, вели Скендеровски.

Од Југохром покажаа податоци кои покажуваат огромна огромна загаденост на воздухот во месеци кога фабриката не работел, што според нив докажува дека Југохром не е главен загадувач. Оттаму истакнаа дека фабриката месечно трпи загуби од околу 400 илјади евра.

Advertisements
To Top