Home Актуелно ЈСП со апел патниците да носат заштитни маски во јавните градски автобуси

ЈСП со апел патниците да носат заштитни маски во јавните градски автобуси

Поради неможноста да се одржува соодветно оптимално растојание помеѓу патниците, ЈСП „Скопје“ апелира граѓаните кои се превезуваат со автобус да носат заштитни маски се со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид – 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска. Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје – велат од јавното сообраќајно претпријатие.

Оттаму меѓу другото потсетуваат и дека, тие како јавно сообраќајно претпријатие немаат нема ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту пак имаат право да ги казнуваме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…