Home Актуелно Јавното обвинителство отвори случај по истражувачката сторија на ИРЛ за болницата „Жан Митрев“

Јавното обвинителство отвори случај по истражувачката сторија на ИРЛ за болницата „Жан Митрев“

Јавното обвинителство оформило предмет по документарната емисија „Нечиста крв“ објавена на ИРЛ, во која медиумот откри дека приватната клиника „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави, а воедно се обработуваат и смртни случаи, кои имале по неколку бактериски инфекции.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, изјавиле од ЈО, пренесува 360 Степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…