Home Актуелно Обвинителство ја тресе Управата за финансиска полиција

Обвинителство ја тресе Управата за финансиска полиција

Поладневно обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал прават претрес во управата за финансиска полиција.

Од обвинитеството за гонење на организиран криминал за ТВ 24 потврдиле дека обвинителите се во финансовата полиција со цел постапување по кривична пријава на група граѓани.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека се проверуваат наводи по кривична пријава за да се утврди дали обвинувањата се основани.

Според информациите кривичната пријава е за повеќе лица – вработени во управата за финансиска полиција со која раководи Арафат Мареми. При претресот ќе се одеземе документација од која треба да се види дали има основ за кривичната пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…