Јануарската пензија повисока за 1,2 отсто најавија од Труд и социјала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските пензионери за јануари ќе добијат зголемена пензија за 1,2 отсто, според усогласувањето со порастот на животните трошоци, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). За толкав процент се зголемени трошоците за живот во второто полугодие од 2020 година, во споредба со првото полугодие од ланската годинa, пренесува Мета.

„Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниската пензија. Редовното законско усогласување на пензиите се врши два пати во годината, од 1 јануари и од 1 јули секоја година, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата“, информираат од МТСП.

Додаваaт дека од 2019 година, покрај редовното усогласување, се предвидува и дополнително, во случај ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст за повеќе од 4 отсто. Покрај овие два начина на усогласување, од 2020 година, според одлука од Владата, може да се изврши уште едно дополнително усогласување на пензиите во случај кога има раст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15 отсто како и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5 отсто.