Јанева недолична во судницата: Стефанова ја нарече „ороспија“ и „гомнарка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Скандалозното однесување на Катица Јанева во судницата го одбележа денешното судско рочиште за случајот „Рекет“.

Бившата шефица на СЈО дофрли погрдни зборови до колешката Лиле Стефанова откако втората два часа сведочеше во рамки на денешното рочиште за „Рекет“.

Кога Стефанова се подготвуваше да излезе од судница Јанева ѝ извика „ороспијо“ и „гомнарка“. На ваквите зборови веднаш Јанева веднаш доби опомена од судијката Васка Николовска Масевска која ги повика полицајците кои ја спроведуваат од куќен притвор и нареди таа да биде изнесена од судница.

По ова видно вознемирена Катица Јанева застана и пред да излезе од судницата и пред новинарите рече: „Дека ѝ го возев мачето, затоа ли не ѝ чинам?“. Расплакана и вознемирена Јанева го напушти Кривичниот суд.