Голем шампион, но и голем човек: Еве зошто сите го сакаа Коби (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот свет денес е завиен во црно и тагува поради прераната смрт на една од најголемите спортски легенди – Коби Брајант.

Легендарниот кошаркар беше идол на многу спортски генерации, не само поради неговата генијалност на терените, но и поради неговата големина надвор од нив.

Неговата човечка големина најдобро ја покажува и ова видео кое денес е вирално на социјалните мрежи. При една собраќајна несреќа во Њупорт, Коби застана со својот автомобил да им помага на повредените.