Стефанова: „Камчев додека беше во притвор ми даде писмо напишано од Наташа Савова“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на нејзиното сведочење на денешното судско рочиште за случајот „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова за јавноста откри и еден досега непознат момент – постоењето на едно писмо кое тогаш го добила од осомничениот Орце Камчев, кога веќе бил во притвор, пренесува Фокус.

-На 20 ноември, во просториите на СЈО ми даде еден лист на кои стоеше логото на Аџибадем Систина, а како што ми рече, да се запознаам со него. Еден дел беше на кирилица, а еден на латиница. Ми рече прочитај го тој на латиница, тој ми е напишан од Наташа Савова, а по наредба на Сашо Мијалков.

На листот пишуваше дека за него во пакет за да излезе од притвор ќе се преземат определени мерки за кои ќе се погрижи Наташа Савова. Јас тоа и го дадов на Јанева, а таа не ми одговори ниту пак го коментиравме повторно. Во тоа време беше актуелно лица да бидат пуштени од притвор заради некакви гласања во Собранието, рече Стефанова.

Таа додаде дека со писмото Камчев сакал да и укаже дека многу луѓе се околу него, потенцирајќи дека во тој период Мијалков се уште не бил во притвор.