Јанева не ја испрати мајка си до вечното почивалиште

Иако замина за да присуствува на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, Катица Јанева не ја испратила мајка си до вечното почивалиште на гевгелиските гробишта.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка. Како што информира екипата на „Слободен печат“ од Гевгелија, на Јанева и било дозволено накратко да се прости од својата мајка во капелата.

Јанева во капелата на градските гробишта во Гевгелија беше неполни дваесетина минути, по што морала да замине бидејќи и се влошила здравствената состојба. Таа не отиде на закопот на мајка си, туку со полициско возило во придружба на полициска марица е вратена во притворот во Шутка.