Јаковлевски: ВМРО ДПМНЕ не мисли да оди во опозиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Врвот на ВМРО ДПМНЕ вечерва заседава и расправа за натамошните чекори на партијата, за кои засега нема информации од партијата.

Неофицијално, лидерот Никола Груевски испратил проглас до членството, во кој од нив бара да застанат во одбрана на националните интереси на Македонија и да излезат на протест доколку Зоран Заев успее да формира влада.

Пред почетокот на седницата на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Мане Јаковлевски, еден од основачите на партијата најави дека нема да дозволат некој да ја разнебитува државата.

Не размислуваме да бидеме опозиција зашто ние сме победници. Со оглед на тоа колку пари се потрошија, со какви манипулации го залажуваа народот за ВМРО ДПМНЕ да не ги добие изборите, ние сепак победивме и сме победничка партија, изјави Јаковлевски.

Инаку, по прогласот за мобилизација, уште вечерва членството на ДПМНЕ излезе на улица. Целта на овие, како што ги нарекуваат, народни собири било да се покаже силата на партијата.