Јак виц: Преку глава ми е, те напуштам


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Се враќа жената дома, досадно и е, па решава малку да се шегува со мажот, зема ливче и пишува:

Драги, готово е! Преку глава ми е веќе, не можам да те трпам, те напуштам! Ова е крај!

Го остава ливчето и се крие зад троседот, да ја види реакцијата.

Се враќа мажот, го наоѓа ливчето, чита, па веднаш го зема мобилниот и врти:

Срце, готово, ја напуштив. Требаше ова да го направам пред пет години, кога те сретнав тебе. Ама сега е крај, сега сум само твој. Да земам нешто и идам кај тебе за десет минути.

Спушта, потоа зема нешто набрзина допишува на ливчето и заминува.

Жената со солзи на очи, видно нервозна и разочарана од последиците на шегата која ја направи, брзо оди да го прочита она кое го допиша сопругот, а таму:

Ти ги видов нозете зад троседот. Заминав по пиво.