Home Шоубизнис Ја загуби долгата битка со ракот – почина познатата актерка Оливија Њутн-Џон

Ја загуби долгата битка со ракот – почина познатата актерка Оливија Њутн-Џон

Славната актерка и пејачка Оливија Њутн-Џон почина на 73 години, објави нејзиниот сопруг на Фејсбук.

„Оливија почина мирно на нејзиниот ранч во јужна Калифорнија, окружена од семејството и пријатели. Таа беше симбол на триумфи и надеж во изминатите 30 години, споделувајќи го своето патување со ракот на дојката“, напиша Џон Истерлинг.

Во 2017, Њутн-Џон откри дека ѝ се вратил ракот од кој првпат се разболе во 1992, при што ѝ се проширил на ‘рбетот. Таа кажа дека имала и втора дијагноза во 2013, но јавноста не дознала за неа.

Нејзиниот активизам за истражување и подобро лекување на ракот останува еднакво клучен елемент на нејзиното наследство како и кариерата во шоу бизнисот.

Таа освои четири Греми награди и продаде над 100 милиони албуми, но улогата во мјузиклот „Брилјантин“ од 1978 година е она што ѝ го зацементира митскиот статус. Иако на 29 години ја играше средношколската љубов на Џон Траволта, „Брилјантин“ беше најголемиот хит таа година, а албумот со песните од филмот помина 12 недели на врвот на американската топ-листа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Сè што треба да знаете за продолжението на ‘Луди богати Азијци’

Патот до создавање на продолжение на 'Луди богати Азијци' не беше лесен. Филмот, базиран н…