Home Актуелно 1.233 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во измнатите 3 дена

1.233 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во измнатите 3 дена

Согласно податоците кои Институтот за јавно здравје ги достави до Министерството за здравство, од ресорното министерство информираат дека во последните 3 дена направени се 3.561 тестови, а регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје – четири починати лица (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…