Ја викаат „најжешката медицинска сестра на светот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лорен Дрејн е модел која нема проблем да покаже како од медицинска униформа, во која им помага на пациентите, се трансформира во атрактивна русокоса со заводливи и секси облини.

Дрејн е атрактивна русокоса која ја носи неофицијалната титула најзгодна медицинска сестра на светот, бидејќи привлекува огромно внимание со својот изглед на социјалните мрежи, но на платформата за возрасни OnlyFans. Навикната е секојдневно да добива комплименти за своето тело и начинот на живот, не криејќи од обожавателите дека ужива во среќна заедница со партнерот, а не многу одамна и со ќеркичката.

Дрејн реши да проговори за медиумите дека нејзиниот живот не бил секогаш убав и исполнет со радост, и дека во детството и тинејџерските денови поминала низ вистинска голгота. Имено, нејзиниот татко решил да се приклучи кон една затворена верска заедница, па со себе го повлекол и семејството, кое набргу се распаднало. Дрејн како тинејџерка била „фатена“ како разговара со момче кое не било член на таа религиска група, по што била исфрлена од неа и осудена никогаш повеќе да не ги види своите брат и сестра.

Кога ја доживеала траумата, Лорен имала само 21 година и едвај успеала да се крене од пепелта.

Се омажила, почнала професионално да се занимава со фитнес, станала инфлуенсер на Инстаграм каде ја следат 4 милиони корисници. Нејзините фотографии ѝ донеле голема популарност и ја добила титулата најзгодна медицинска сестра.

Таа открива дека болеста на сестра ѝ, што ја имала уште од бебе, била пресудна таа да се одлучи за оваа благородна работа.

-Ова е професија која се исплати кога можете да помогнете и да спасите живот, а со тоа и да помогнете цели семејства да закрепнат – истакнува Лорен за британски „Сан“.

Црквата во која поминала дел од својот живот е основана 1955 г. во Канзас од пасторот Фред Фелпс и стана озлогласена поради екстремните вредности што ги застапува.

– Постоеше многу строга култура. Не смеев да правам фризура, да лакирам нокти, да излегувам или да разговарам со момчиња, ниту да се дружам со некого надвор од црквата – открива таа.

Иако поминала седум години во „мрак“, Лорен вели дека убаво си поминувала со својот брат и сестра, дека секој ден имале некои активности околу црквата, но и работни акции. Меѓутоа, во тој период таа често била казнувана и понижувана поради кршење на правилата на заедницата или поради „поставување премногу прашања“.

Бидејќи црквата не толерирала комуникација со луѓе надвор од неа, откако се дознало дека разговарала со момче од надвор, Лорен веднаш била исфрлена.

– Кога го напуштив Вестборо, му ветив на Бога и на себеси дека никогаш намерно нема да повредам нечие срце. Ми беа потребни многу години библиски анализи и терапии за да завртам нов лист и да се кренам над сите облици на омраза – истакна таа.

Спасот од таквиот начин на живот кој ѝ нанел голема штета, го нашла во фитнесот. Тој, како што истакнува, ѝ помага да се поврзе со луѓето и да им помогне да ја стекнат посакуваната форма.