Касапи во кланица ѕверски убиле две лица и ги изложиле како заклани свињи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајца касапи вработени во кланица во Англија беа за мачење и убиство на двајца мажи, чии тела ги распарчиле и ги изложиле. На суд било кажано дека биле поставени како „заклани свињи“.

Јонут-Валентин Бобоц (22) и Џејкоб-Бебе Шерс (46), двајцата државјани на Романија, се обвинети за двојното убиство на Дензил Мекензи и Фахад Хосеин Праманик. Делумно осакатените останки на жртвите се пронајдени во куќата на Мекензи во Бристол.

Мекензи (56) и Праманик (27) биле избодени повеќе пати, а некои од нивните повреди наликуваат на начинот на кој се колат животните во кланица, пишува Дејли мејл.

На почетокот на судењето се дознало дека обвинетите го посетиле Мекензи на 11 септември минатата година и дека редовно му позајмувале пари; понекогаш во замена за сексуални услуги. Наводно, Праманик не им бил познат на обвинетите, туку едноставно се нашол на „погрешно место во погрешно време“.

„Дензил Мекензи имаше 23 убодни рани нанесени со нож. Беше мачен, имаше расекотини околу окото, на очното јаболко, на палецот. Праманик се здоби со најмалку три убодни рани во грбот и стомакот со знаци на тортура, како пена во носот и исеченици по телото“, изјави обвинителот Стивен Дент К.Ц.

„Како што ќе слушнете за време на судењето, нивните тела по убиството беа осакатени. На Мекензи му беше отсечен бутот, а стомакот на Праманик беше изечен и цревата излегуваа од него“, додаде тој.

„Телата тогаш беа морничаво распоредени низ собата, едното беше на софата, а другото на подот. Стапалото на едната жртва се ѕиркаше од исечениот стомак на другата. Обвинетите подоцна го распарчиле Праманик користејќи техника слична на тоа како животните се транжират во кланица“, рече обвинителот.

Бобоц и Шерс работеле во кланица во близина на Бристол во моментот на убиството. На поротата ѝ биле прикажани снимки од надзорните камери на кои се гледа како обвинетите одат кон куќата на жртвата во 20:30 ноќта на убиствата, а потоа се враќаат по истиот пат околу 23 часот.

Кога си заминале, носеле големи предмети, вклучувајќи аудио опрема и засилувачи, како и други предмети што ги украле од Мекензи.