Полицаец во Брисел убиен со нож


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгиски полицаец им подлегнал на повредите откако бил нападнат со нож во четвртокот ноќта во Брисел, а истрагата за настанот ја води белгиското сојузно обвинителство надлежно за случаи на тероризам.

„Го преземавме случајот, бидејќи постои сомневање за терористички мотив на нападот, што ќе биде утврдено во истрагата“, изјави за AFP, портпаролот на белгиското сојузно обвинителство, Ефик Ван Дујсе.

Осомничениот, кој во нападот ранил уште еден полицаец, е уапсен и пренесен во болница, соопшти белгиската полиција без да даде поединости за инцидентот во кој еден полицаец е убиен а друг е ранет.

Белгиската министерка за внатрешни работи Анели Велинден во објава на Twitter ја осуди „страшната трагедија“ и „неприфатливото насилство“.

Премиерот Александер Де Кро му оддаде почест на убиениот полицаец и на целата служба „којашто секојдневно ги изложува животите на опасност за нашите граѓани да бидат сигурни“. „Искрено се надевам дека неговиот колега кој е во болница, ќе закрепне“, додаде белгискиот премиер.

Нападот се одиграл околу 19,15 часот по локално време во бриселската општина Шаербек, во квартот Гард у Нор. Во нападот, чиишто мотиви сѐ уште се истражуваат, маж вооружен со нож нападна двајца полицајци во патрола притоа нанесувајќи има убодни рани. Нападнатите потоа повикале засилување од безбедносните сили од друга патрола, чиј припадник пукал од службено да го „неутрализира напаѓачот“, извести белгиската службена новинска агенција Belga.

Во Белгија, по 2016 година кога во џихадистичките координирани напади беа убиени 32 лица во Брисел, се случија неколку напади врз припадниците на полициските и воени патроли.