Home Спорт Изненадување: Бабунски се сели на Далечниот Исток

Изненадување: Бабунски се сели на Далечниот Исток

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски кој неодамна го раскина договорот со Црвена Звезда, кариерата ќе ја продолжи својата кариера во јапонскиот прволигаш Јокохама.

Според пишувањата на медиумите од Србија, нашиот млад репрезентативец ги договорил условите со јапонскиот клуб и преостанува само да се договорат уште неколку детали.

Бабунски имаше понуди од Словенија и Турција, но изгледа дека најупорни биле Јапонците кои го обезбедиле неговиот потпис. Првенството во Јапонската Џеј-лига почнува на 25 февруари.

Според српските медиуми олеснителна околност при донесувањето на одлуката на Бабунски било и тоа што во Јокохама за свој соиграч ќе го има досегашниот фудбалер на Звезда, Уго Вијеира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…