Home Спорт ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Унаи Емери кандидат за клупата на Арсенал

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Унаи Емери кандидат за клупата на Арсенал

Бившиот тренер на Пари Сент Жермен е изненадувачки новиот кандидат за клупата на Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот стратег ги напушти „светците“ после освојувањето на тројната круна во Франција, а на неговото место седна Томас Тухел.

Претходно тој имаше исклучително успешен период во Севиља, каде три пати по ред ја освојуваше Европската лига.

Во последните денови главен фаворит за комилото на „топџиите“ беше Микел Артета, а некои медиуми тврдеа дека ќе биде официјализиран оваа недела.

Меѓутоа, „Дејли Мејл“ денес објави дека Унаи Емери е сериозен кандидат и дека раководството веќе преговара со шпанскиот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…