Санчез призна: Имам проблеми во Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алексис Санчез во јануари го напушти Арсенал и се пресели во Манчестер Јунајтед, но во првите месеци не ги оправда очекувањата.

Чилеанецот ја откри причината за слабите игри на „Олд Трафорд“ и изјави дека има проблем со адаптацијата.

„Мислам дека тимот треба да се подобри во сите аспекти, особено кога е концетрацијата во прашање. Треба да бидеме максимално сконцентрирани не само во големите натпревари, туку и со полесни противниви“.

„Јас имам потешкотии при адаптацијата на стилот на играта. Притоа, се уште се запознавам со новите соиграчи како на теренот, така надвор од него“, изјави Алексис Санчез.