Изненадување: Хуан Мата на чекор од Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот играч за врска, Хуан Мата на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Договорот на Мата со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а бидејќи не дојде до договор за продолжување на соработката, тој ќе биде слободен да си бара нов клуб.

Мата е желба на неколку европски гиганти, меѓу кои и Атлетико Мадрид, но последните информации од Шпанија говорат дека играчот како слободен агент ќе се пресели во – Барселона.

Според тврдењата на каталонски „Спорт“, 31-годишниот играч за врска ги договорил сите детали со Барселона, но трансферот ќе биде официјализиран по завршувањето на сезоната.

„Мата има и други понуди, но Барселона е негова прва опција. Поради тоа ги одби сите понуди на Јунајтед, а во Барса ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона“, пишува каталонски „Спорт“

Ернесто Валверде смета дека Мата ќе биде многу корисен во неговата ротација, а Шпанецот на „Камп Ноу“ ќе заработува 5 милиони евра по сезона.