ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Баерн ја продава една од најголемите ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Баерн Минхен донел одлука да ја продаде една од најголемите ѕвезди во тимот.

Како што пренесува доброинформираниот „Билд“ Баварците се спремни да го продадат Артуро Видал за кого силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи.

Причиниата поради која Баерн се одлучил на таков чекор е доаѓањето на Леон Горецка, кој на „Алијанц Арена“ ќе пристигне како слободен агент слдното лето.

Видал има договор со германскиот клуб до 2019 година, па Баерн сака да го продаде на лето за да може да заработи на неговото заминување.

Главни фавороти за потписот на Чилеанецот се Манчестер Јунајтед и Челзи, но „црвените ѓаволи“ се во блага предност бидејќи Видал го има истиот агент како и Алексис Санчез.