Изјава на обвинителката Русковска за акцијата во Грчец и Гази Баба во која се сузбивал ланец за трговија со дрога


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, шефицата Вилма Русковска, денеска соопшти дека акцијата во Грчец, во скопска Гази Баба и други делови на главниот град, која сѐ уште е во тек, е спроведена за сузбивање на трговија со дрога и додаде дека од понеделник ќе почне и финансиска истрага.

„Имаме докази за недозволена трговија со дрога и други прекурсори, не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага за да не ни ја пробијат целата акција, но од понеделник ќе почне и финансиска истрага. Година време собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење. Приведени се 21 лице, тие се наоѓаат во повеќе полициски станици, а како што сум информирана, по одредени лица сѐ уште се трага“, информираше Русковска.

Обвинителката посочи дека засега нема осомничени полицајци што соработувале или биле дел од групата, но не ја исклучува таа можност. Како што вели, ќе се вршат вештачења на телефони и, ако се најде комуникација, сигурно со предметот ќе бидат опфатени и овластени службени лица.

Според обвинителката, во досегашниот дел од денешната акција се приведени 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони… Акцијата се спроведува во Грчец, Гази баба, Чаир и Синѓелиќ.