Home Актуелно Иванов во посета на Азербејџан

Иванов во посета на Азербејџан

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Република Азербејџан, каде е предвидено да има билатерална средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, а ќе учествува и на третиот Глобален форум во Баку Градење доверба во новиот светски поредок, пренесува телвизија 21.

На Глобалниот форум во Баку, што е во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, Мадридскиот клуб и Азербејџанскиот државен комитет за работа со дијаспора, предвидено е Иванов да се обрати на сесијата на отворањето на форумот, Алијев, претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, премиерот на Малта, Џозеф Мускат, а предвидени се и пораки од германската канцеларка Ангела Меркел и од британскиот премиер, Дејвид Камерон, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

на Форумот најавено е учество на повеќе од 100 претставници од околу 60 земји во светот и десетици меѓународни организации, како и голем број поранешни претседатели и премиери од целиот свет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…