Иванка Трамп „премногу возбудена што се наоѓа во Обединетите Нации“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не дека претходно беше нешто поразлично, ама откако нејзиниот татко Доналд Трамп стана претседател на САД, Иванка Трамп како негова прва советничка назначена од Трамп на таа позиција, има турбо исполнет распоред со работни обврски и ангажмани, како и приватни случувања. Овој пат таа ги разбранува духовите во јавноста со нејзиното појавување во провокативно издание во Генералното собрание на Обединетите нации, облечена во тесна кошула и без градник.

Ќерката на американскиот претседател и негова советничка Иванка Трамп, деновиве има преполн распоред. Викендот го помина во Италија, каде со сопругот Џерад Кушнер беше гостин на венчавката на познатата дизајнерка Миша Нону и нејзиниот избраник Мики Хес.

Во неделата тие веќе патуваа кон Њујорк каде се одржува Генералното собрание на Обединетите нации , каде нејзиниот татко е „главната ѕвезда“ на политичкиот самит.

Иако се мислеше дека полниот распоред ќе остави траги од умор кај Иванка, се случи спротивното. Таа блесна во салата со широка насмевка и со облека несоодветно за собир на светските лидери.

Советничката на Трамп на самитот облече здолниште од Прада со 3Д цветни апликации , кое чини 2130 долари и свилена сина кошула.

Но, многумина не можеа а да не забележат еден детал. Заборавила да облече градник. Американските медиуми се шегуваа со Иванка и кажаа дека била премногу возбудена што се нашла во ОН , додека посериозните поставија прашање дали комбинацијата е соодветна за ваков настан.