Италија сериозно размислува да го воведе ова право за жените: Сте чуле за „менструален одмор“?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанскиот парламент го разгледува предлог законот со кој би ги принудиле компаниите на жените кои се изложени на болни менструални циклуси, да им даваат три дена платен одмор секој месец во годината. Доколку законот биде изгласан и донесен, Италија ќе биде првата западна земја со официјален „менструален одмор“ за вработените жени.

Предлог-законот го пофалија одредени локални медиуми, нарекувајќи го позитивен чекор во помагањето на жените кои страдаат од болни месечни циклуси. Но, законот си има и критичари, дури и меѓу вработените жени чии права би ги штител.

Некои стравуваат дека законот би можел да им се удри од глава на жените и би можел да биде своевидна казна во земјите каде жените се борат за рамноправност. Доколку им биде дозволено да земаат три дена платен одмор, работодавците би можеле да им дадат уште поголема предност на мажите во процесот на вработување, напиша Лоренца Плотери во Donna Moderna.

Италија има закон со кој на жените им обезбедува пет месеци платено породилно отсуство. Во текот на тој период жените примаат 80 насто од платата која ја земаат, а после тоа и двајцата родители имаат право на шест месеци дополнително родителско отсуство во текот на кое добиваат 30 проценти од платата. Италијанките се борат за свое место на пазарот на труд многу повеќе од жените во другите земји во развој. Италија ја има една од најниските стапки на учество на  жените на пазарот на трудот. Само 61 процент од жените работат, што е значително пониско ниво од европскиот просек кој изнесува над 72 проценти.

Тоа е најчесто е последица на неподготвеноста на работодавците да вработат жени и да ги задржат откако ќе станат мајки. Според податоците во државниот завод за статистика, скоро четвртина од жените добиваат отказ за време на бременоста или непосредно пред породувањето, иако тоа е противзаконски.

„Жените веќе земаа слободни денови поради менструални болки, но новиот закон тоа би им го овозможил без користење на боледување или други дозволи. Меѓутоа, законот би можел да доведе до негативни последици, бидејќи побарувачката на жени во компаниите би можела да се намали или жените би можеле да се соочат со пониска плата или послаби напредувања“, вели Даниела Пјацалунга, економистка во Институтот за истражување FBK-IRVAPP.

Феминистките, пак, стравуваат дека донесувањето на законото може да ги засили стереотипите за тоа дека жените се поемоционални во тој период од месецот. Предлог-законот го дадоа жените од Демократската партија на 13 март, а неговото одобрување се очекува во наредните месеци.

Слични закони веќе постојат во делови од Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Неколку приватни компании, меѓу кои и Nike, веќе имаат воведено ваков одмор за нивните работнички.