Истражување спроведено врз 600 богаташи – еве што им е заедничко на сите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американската писателка и истражувачка Сара Стенли Фелоу од институтот Affluent Market, која интервјуираше 600 милијардери и милионери за својата книга “The Next Millionaire Next Door: Enduring Strategies for Building Wealth”, тврди дека сите тие имаат една заедничка работа која ги поврзува.

Фелоу открива дека ниеден предуслов не игра толкава улога во акумлирањето пари како одлуката каде ќе живеете. Повеќето милионери, кои биле интервјуирани не живееле во дом што надминува 5 проценти од нивното богатство.

Дури и ултрабогатите како Марк Закерберг или Серена Вилијамс купиле куќи кои се далеку под нивните можности. Ако живеете во скапа куќа и во богато соседство , поголема е веројатноста дека ќе ги преземете навиките за трошење и помалку е вериојатно дека ќе се фокусирате на акумулирањето сопствено богатство , утврдила авторката.

На пример, Марк Закерберг живее во куќа, која вреди 0,01% од неговото вкупно богатство. Тој својот дом во пало Алто го платил 7 милиони долари , а неговото богатство се проценува на 62 ,9 милијарди долари.

Основачот на Снепчет, Иван Шпигел својот дом во Лос Анџелес го дели со манекенката Миранда Кер, а го платил 12 милиони долари. Богатството му е проценето на 2,2 милијарди долари.

Серена Вилијамс во 2017 го купи својот дом за околу 6,7 милиони долари , а има богатаство проценето на 180 милиони.