Home Актуелно Истрага за пронајденото оружје: Од каде е арсеналот во подрум во Чаир?

Истрага за пронајденото оружје: Од каде е арсеналот во подрум во Чаир?

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу вели дека во тек е истрагата и проверките за пронајденото оружје во подрум во на зграда во скопската населба Чаир.

Известен е јавниот обвинител и јавноста ќе биде известена кога ќе има резултатит од истрагата, изјави Нухиу.

Вчера, при увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, една запалка за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…