Исповед на еден приватен детектив: Лесно можете да го фатите вашиот партнер ако ве изневерува…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од најмалите промени на положбата на патничкото седиште во автомобилот, до новиот интерес за работите кои порано не го интересирале, знаците можат далеку да бидат посуптилни од карминот на јаката од кошулата.

Приватен детектив, кој сакаше да остане анонимен, објави водич кој би им помогнал на жените да соберат докази и да дознаат дали нивниот партнер ги изневерува или не, па во случај на позитивен одговор, смисли 5 чекори кои ќе им помогнат да се соочат со своојот партнер, пренесува Дејли Меил.

Водичот настана во соработка со страницата Bark.com, специјализирана за барање работи и работници, откако се покажа дека побарувањето на приватни детективи пораснало за 39%.

1. Слуша нови бендови

Ако вашиот партнер минува време со нова личност, многу веројатно од неа ќе дознае и некои нови работи, како нови бендови од кои може некој и да му се допадне.

Изненадниот интерес за нов жанр или музичар може да биде знак дека вашиот партнер минува време со некој кој има големо внимание над него.

2. Совозачкото седиште е поинаку наместено од вообичаено

Некој го наместил совозачкото седиште напред или назад, тоа е еден од показателите дека некој често се вози како совозач со вашиот партнер.

А ако вашиот партнер се обиде да ви сокрие што прави, многу веројатно нема да се сети и да го намести седиштето во правилна позиција.

3. Зголемена километража на автомобилот

Во просекот луѓето годишно преминуваат иста километража, патот до работа или викендица се некои километражи кои секогаш работат и бројот на крајот од годината отприлика е ист. Ако сте забележале големо зголемување на километражата, запрашајте се каде вашиот партнер оди без вас.

4. Се крие за време на повиците, заклучени му се профилите на социјалните мрежи

Ако оддеднаш вашиот партнер на ѕвонење на телефонот станува и оди во другата соба да се јави, ги променил лозинките на социјалните мрежи, или го крие својот телефон од вас, тоа е знак дека нешто се обидува да сокрие.

5. Драматична промена во сексуалниот живот

Ова значи дека оддеднаш во врската нема секс или го има многу повеќе од претходно. Вашиот партнер можеби се чувствува крив, па избегнува секс со вас, или од друга страна, иницира многу повеќе секс од порано, за да не биде сомнителен.

6. Не зборувате како претходно

Порано разговаравте за својот ден, ви зборуваше за колегите од работа или кого сретнал, а сега се помалку дели детали од денот со вас? Исто така, треба да се загрижите ако оддеднаш повеќе немате разговори за иднината.

7. Нова облека и долен веш

Луѓето кога почнуваат со некого да сње гледаат во почетокот повеќе се трудат да го импресионираат. Ако сте приметиле дека вашиот партнер купува нов веш, маици или патики, всушност кој било дел од облеката, постои голема можност некого да се обидува да импресионира.