Home Спорт Исланд во недела во „Борис Трајковски“ го чека – „пекол“!

Исланд во недела во „Борис Трајковски“ го чека – „пекол“!

Maкедонската ракометна репрезентација во недела од 20:00 часот ќе го игра вториот натпревар против Исланд во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Данило Брестовац на дебито на македонската репрезентација на гостински терен во Рејкавик и донесе победа на Македонија од 33:34. Тоа беше прва победа за Македонија на гости против Исланд.

Со таа победа Македонија се искачи на првото место во групата со исто бодови колку и Исланд (четири), зад нас следуваат Турција и Грција со по два освоени бодови.

Вториот натпревар со Исланд како што споменавме се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ и билети за овој натпревар повеќе – нема!

Ова значи дека Исланѓаните ќе ги очекува вистински пекол. Се надеваме на победа пред полна сала!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…