Иранскиот Меси пред потпис во Лацио


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Лацио се обидува да го донесе во своите редови 22-годишниот напаѓач на Рубин од Казањ, Сардар Азмун, кого уште го нарекуваат„ирански Меси“.

Рубин Казањ ја одби првата понуда на Лацио од 15 милиони евра, а според италијанските медиуми рускиот клуб ќе прифати додатни 5 милиони евра по име на бонуси, па целиот трансфер ќе изнесува 20 милиони евра

Лацио веќе се договорил со фудбалерот и неговиот татко во врска со личните услови, па се очекува трансферот да биде официјализиран до крајот на неделата.

Азмун ќе биде четвртото засилување за Лацио во овој преоден рок откако во клубот веќе пристигнаа Адам Маришиќ, Лукас Леива и Давид ди Џенаро.