Иранската голманка за која Фудбалскиот сојуз на Јордан тврди дека е маж: „Жена сум! Мој единствен грев е што не сум убава“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Јордан испрати жалба до Азиската фудбалска конфедерации и тоа поради голманката на женската селекција на Иран Зохра Коудаеи.

Тие сметаат дека таа не е жена туку маж и побараа проверка на полот.

„Ваквите обвиненија се само изговор да не се прифати поразот против нашата репрезентација. Од репрезентацијата на Јордан тврдеа дека се големи фаворити против нас, а кого изгубија почнаа да измислуваат неверојатни приказни. Не можат да го прифатат поразот и да преземат одговорност. Лекарскиот тим ги прави сите тестирања за да се избегнат вакви обвиненија“, изјави селекторката на Иран, Марја Ирандост.

После се се огласи и Зохра Коудаеи.

„Жена сум! Ова е апсолутно вознемирување од страна на Јордан. Ќе ги тужам. Мој единствен грев е што не сум убава. Поради тоа сум ударна вест. Жал ми е што е така“.

Инаку, иранскиот тим и во минатото се соочуваше со слични обвинувања. Во 2015 година под сомневање беа дури осум фудбалерки.