Инцестуозен хорор во Ресен: Братучед силувал братучетка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тинејџер на возраст од 18 години во два наврати ја силувал својата прва братучеда. Случајот бил пријавен вчера во ресенската полиција,откако за ова дознала тетката на силуваното девојче.

Момчето било од Битола, но извесен период живеел во Ресен, со семејството на девојчето. Првото дејствие се случило пред Нова година и како што изјавило девојчето во полиција, не им кажала на нејзините родители бидејќи била уплашена. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде дошол и братучед и и се случило второто дејствие.

За тоа дознала тетката и веднаш му кажала на нејзиниот татко, кој заедно со ќерката случајот го пријавил во полиција.

Штипската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и двегодишно момче од Радовиш за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

На 15 овој месец, момчето преку Фесбук договорило средба со малолетничката. Двајцата се сретнале на улица Сутјеска во Штип . Пријавениот го качил девојчето во својот автомобил Мерцедес и ја однел на тврдината Исар во Штип, каде со употреба на физичка сила извршил полово дејствие над оштетената.