Home Спорт Интер сериозно се засилува – тргнува по ѕвездата на Рома

Интер сериозно се засилува – тргнува по ѕвездата на Рома

Раководството на Интер засилено работи на трансфер пазарот, за да го засили тримот на Спалети за следната сезона.

Откако веќе обезбедија три големи засилувања за следната сезона – Де Вриј, Асамоа и Лаутаро Мартинез, сега „нероаѕуроте“ ќе се насочат кон засилување на средниот ред.

Прва цел е ѕвездата на Рома, Кевин Стротман, а спортскиот директор Аусилио веќе имал средба со агентите на Холанѓанецот.

Стротман неодамна потпиша договор со „волчицата“, но во него има откупна клаузула од 32 милиони евра, која „нероаѕурите“ се спремни да ја платат.

Спалети соработуваше со Стротман во Рома и смета дека би бил иделано засилување за неговиот тим.

Сепак, агентите на фудбалерот се уште не донесле конечна одлука и саката да ги разгледаат сите понуди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…