Home Актуелно После Гаши и Тачи, и Амди Бајрам влегува во Влада

После Гаши и Тачи, и Амди Бајрам влегува во Влада

Откако беше договорено БЕСА и ДПА да влезат во владината коалиција на чело со СДСМ и премиерот Зоран Заев, во Влада влегува и Сојузот на Ромите на Амди Барјам.

Премиерот Зоран Заев рече дека нема да добие министерско место, туку ќе добие одговорност на други позиции. Тој не сакаше да открие која партија кое министерско место ќе го преземе.

„Досега имаме постигнато договор со Беса на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој што делуваше независно, но ги поддржуваше политиките на власта. Продолжувам и понатаму да разговарам и со други субјекти. Не би спомнувал имиња затоа што треба органите и телата на партиите да одлучуваат. Штом тоа ќе биде готово ќе биде соопштено од самите партии кои ги номинираат кандидатите“, рече Заев и додаде дека за него пред сè е најважно за какви личности се работи.

 Заев очекува најдоцна до крајот на неделата да ги формализира и предлозите да ги испрати до Собрание. Исто така, премиерот очекува при крајот на месецот со новиот владин состав да се разговара и за подолните ешалони односно за директорските места.
Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…