Интер потврди: Перишиќ останува, преговараме за нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе долго време се шпекулира за трансферот на Иван Перишиќ во Манчестер Јунајтед, а во еден момент медиумите тврдеа дека се е договорено и дака само е прашање на време.

Сепак, спортскиот директор на „нероаѕурите“, Пјеро Аусилио истакна дека Перишиќ сигурно останува во Интер и потврди дека раководството веќе почнало преговори со играчот за нов договор.

Аусилио исто така потврди дека Кандрева не е на продажба, иако за него силен интерес покажува Челзи.

Кандрева не е на продажба, никогаш не сме размислувале да го продадеме. Што се однесува до Перишиќ со него веќе почнавме да разговараме за нов договор. Сакаме да постигнеме големи резултати оваа сезона, секако со Кандрева и Перишиќ во тимот“, изјави Аусилио.