Интер најде поефтина опција од Видал – Хектор Ерара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главна цел на „нероаѕурите“ до завршување на преодниот рок е да донесат уште еден играч за врска, па многу имиња се појавија во медиумите во последните денови.

Главна цел на Интер е ѕвездата на Баерн Минхен Артуро Видал, но тој трансфер е тежок за реализација поради високата плата на Чилеанецот.

Италијанските медиуми пренсуваат дека Интер сега се насочил кон плејмејкерот на Порто и мексиканската репрезентација Хектор Ерера.

Порто за неговата слобода бара 20 милиони евра, а целта на Интер е да го комплетира трансферот за 15 милиони. Ерера би требало да го донесе потребниот квалитет на средината и заедно со Брозовиќ и Наинголан да го формира средниот ред.

28-годишниот Мексиканец во Порто пристигна во 2013 година, има договор на уште една сезона и сака ова лето да ја промени средината.