Интер и Монако се договорија, Икарди повторно кажа НЕ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иднината на Мауро Икарди се уште е главна тема на Апенините, а медиумите тврдат дека Интер постигнал комплетен договор со Монако за негов трансфер.

Икарди е надвор од тимот и не влегува во плановите на тренерот Антонио Конте, но напаѓачот ги одбива сите понуди и сака да се пресели во Јувентус.

Последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Монако. Бепе Марота разговарал со генералниот менаџер на клубот од кнежевството Олег Петров, и постигнале договор за трансфер тежок 60 милиони евра, плус 5 милиони како бонуси.

Истиот износ го нуди и Наполи, но Нероаѕурите преферираат својот некогашен капитен да го продадат на Монако, отколку да го засилат директниот конкурент во борба за врвот на табелата.

Монако дури му нуди на Икарди 10 милиони евра по сезона, но засега Аргентинецот ја одбива можноста да се пресели во „кнежевството“.

„Газета дело Спорт“ открива дека Икарди ја одбил понудата бидејќи сака преселба во Јувентус.