Екстра

Импресивна приказна: Го фотографираше цел свет без да излезе од дома

Патиштата достапни на Google Street View ја водеа Жаки Кени на места каде што никогаш не можела да појде. Таа е една од илјадниците луѓе ширум светот кои страдаат од агорафобија, или страв од отворен простор.

За Жаки, дури и самата помисла да ја напушти куќата предизвикува напад на стрес и паника, правејќи ги за неа секојдневните работи како одење на работа или во маркет претерано тешки или дури и невозможни. Нејзиниот дом, за неа, е безбеден рај, во кој е ограден цел нејзин свет.

Еден ден таа се фати себеси како клика на Google Street View, кога доби идеја. Гледаше сцена со куче кое трча позади Street View камерата. Таа го позиционираше „врамувањето“ и кликна на Print Screen копчето и си помисли: „Ова е прекрасна фотографија“.

Така почна нејзината фотографска приказна низ места на сите страни од светот кои секогаш ја фасцинирале. Одеднаш, Перу, Монголија и другите за неа импресивни дестинации беа достапни за фотографирање без да мора воопшто да ја напушти својата соба.

Охрабрена од своето семејство да ги споделува тие фотографии на социјалните мрежи, таа за само неколку месеци собра над 50.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил. Нејзините фотографии зборуваат за нешто подлабоко од само добро врамен фотографски кадар. Патувајќи на ваков начин, таа можеше да оди на места на кои само можеше да сонува.

Така, таа најде начин на кој може целосно да се изрази себеси. „Агорафобијата и анксиозноста ми ја ограничија мојата спосбност за патување, па најдов друг начин за да го видам светот“.

Иако дезориентирана, оваа нејзина нова пасија беше од голема помош за Жаки да се почувствува ослободено да излезе од нејзиното „стаклено ѕвоно“. Моментално таа ја презентира нејзината прва самостојна изложба, The Agoraphobic Traveller, на Менхетен.

To Top