Има само 10 години, а Google и Microsoft веќе се „тегнат“ кој ќе ја земе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Самаира Мехта е 10-годишно девојче кое порасна во Силиконската долина и која во овој краток временски период поминат на планетата Земја привлече огромно внимание од оние кои го следат нејзиниот развој како програмерка.

Ова девојче воедно е и основачка и извршна директорка на компанијата CoderBunnyz, која го привлече вниманието од светските медиуми и од лицата кои испратија понуди до Самаира да одржи серија предавања во Силиконската долина.

Програмира од шестгодишна возраст

А сè започна кога имаше само осум години и ја креираше играта CoderBunnyz, која е наменета за деца кои сакаат да научат како да програмираат. Инаку, Самаира програмира од нејзината шеста година.

Благодарение на нејзината игра, Мехте го освои второто место во натпревар за програмирање и награда во износ од 2.500 долари. Тоа го привлече вниманието на Cartoon Network, кои бараа млади и талентирани девојчиња кои би ја носеле титулата Powerpuff девојки (според цртаниот филм за малите суперхероини). Откако Самаира се појави во едно нивно видео, нештата почнаа да се движат во правилната и вистинска насока.

Нејзината приказна ја раширија медиумите и таа почна да ја продава својата игра преку Amazon.

„Продадовме 1.000 кутии, што е заработка од над 35.000 долари, а играта е на пазарот само една година“, изјави Самаира за Business Insider.

Таа ја осмисли и лансираше и одличната кампања за промоција на играта, а помош имаше од својот татко Ракеш Мехта, кој и самиот е инженер во Intel.

Работилници, предавања и нова игра

Денес, со помош на играта, таа им помага на своите врсници да научат да програмираат, но не планира да запре на тоа.

Ја започна иницијативата „Yes, 1 Billion Kids Can Code“, која им овозможува на заинтересираните донатори да ја донираат играта во училиштата, а иницираше и работилници во кои децата од тие школи добиваат помош за да научат како да ја користат играта.

На почетокот од оваа учебна година, 106 училишта веќе ја користеа оваа игра, но Мехта се префрли на создавање продолжение од истата – игра која на децата ќе им помогне да научат програмирање со помош на вештачка интелигенција.

Новата игра се вика CoderMindz и децата низ неа ќе учат како да ги совладаат основите на вештачката интелигенција и како со тек на време тие вештини да ги применат на изработка на робот.

Името го смисли со помош на нејзиниот помал брат, шестгодишниот Аадита, кој исто така е луд за програмирање.

Нејзините работилници ги посетиле над 2.000 деца, а некои од нив ги одржа во седиштето на Google, каде се запозна и со некои од челните лица на овој технолошки гигант, од кои доби понуда за работа во Google кога ќе заврши факултет.

Google и Microsoft се „тегнат“ за неа, а Закерберг е воодушевен од Самаира

Но, Мехта ништо не им вети велејќи дека сака да биде претприемачка. А Google не е единствената компанија која е заинтересирана за ова талентирано девојче. Тука е и Microsoft, во чие седиште одржа едно предавање.

Се запозна со бившата прва дама на САД, Мишел Обама, а разговараше и со Марк Закерберг кого одлучи да го изрешета со прашања за време на Ноќта на вештерките, кога затропа на неговата врата.

Самаира откри дека пред куќата на Закерберг имало долга редица дечиња убедени дека Марк ги има најдобрите колачи. Мехта не ја интересираа неговите колачи. Таа сакаше нешто друго.

„Најпосле го запознав. Ми даваше чоколади, а јас му кажав дека сум програмека. Тој ми рече да продолжам да го правам тоа што го работам бидејќи ми оди одлично“, открива Самаира.

Неодамна лансираше и сопствена серија со интервјуа на нејзината страница, а разговараше со многу експерти од областа на роботиката, видео игрите и едукацијата.

Секоја своја заработена пара ја вложува во компанијата, но веќе избра и хуманитарна организација на која планира да ги донира дел од своите пари кога еднаш ќе се збогати.

Станува збор за организацијата PATH, која им помага на бездомниците, но и на луѓето кои се грижат за нив.

Покрај сето ова, најдува време и за класични детски работи. Така, минатово лето држеше сопствен штанд со лимонада на кој заработи 119 долари кои ги донираше на PATH. Да не чекаат предолго додека таа ја разива сопствената компанија.

Во секој случај, за ова девојче светот допрва ќе чита и слуша.